Видови на мед

Багремов мед: Има бледо зелена нијанса, ароматичен е и пријатен. Долго време не се кристализира. Ја регулира функцијата на желудникот, го запира крваренјето, ефикасен е против кашлица и висока температуре, при очни болести, смирување на нервите, стресни ситуации и против несоница.
Костенов мед: Медот е темно жолт, горчлив вкус и е еден од најбараните медови заради своите лековити својства и големото количество полен. Помага при бронхитис, асма и др. болести на дишните патишта, болести на крвните садови, го подобрува апетитот, помага при болести на органите за варење, желудникот, црниот дроб, жолчката, простатата, слабокрвност.
Липов мед: Светло жолта боја, специфичен мирис и остар вкус. Предизвикува потење и незаменлив е при настинки. Се употребува при ангина, воспалителни процеси рани, изгореници, при болести на желудникот, црниот дроб и бубрезите.
Мед од сончоглед: По костеновиот мед е еден од најбогатите со полен. Со жолта боја, брзо се кристализира. Се препорацува при настинки, грип, кивавица, болести на дишните органи.
Ливадски мед: Може да варира според бојата, мирисот и вкусот. Бојата му е од жолта и светло црвена до темно жолта, црвена а може да биде и потемен.
Мед од жалфија: Има темно жолта или потемна боја, пријатен мирис и вкус, по малку горчлив. Го запира крварењето, дејствува против воспаленија, има силно бактериско дејство. Се употребува против настинки бидејки полесно ја исфрла од душникот и од бронхиите, па и од желудникот. Чајот со мед од жалфија не се пие топол туку млак.
Шумски мед: Овај мед не потекнува од нектарот, пчелите го собираат од листовите и игличките на разни листопадни и зимзелени дрва. Овај мед по својот состав најблиску е до составот на човековата крв, најпрепорачлив е при слабокрвност.
Мед од детелина: Светол мед со пријатен вкус и мирис. Помага при кашлици, артерио склероза, болести на црниот дроб, за чистење на крвта, при различни воспаленија.
Мед од капина: Квалитетен мед, од светло жолта до потемна боја, со пријатен вкус и мирис. Помага при болести на респираторните органи.
Мед од малина: Ароматичен светло жолт мед, со суптилен мирис и вкус. Се употребува при настинки и се препорачува како превентивно средство против грип.
Мед од маслодајна репка: Медот е жолт, брзо се кристализита. Дава добри резултати при лекување на чиреви, го потикнува мокрењето.
Мед од хелда: Темен, јак, со непријатен мирис и со не многу пријатен вкус. Богат е со минерални материи, особено со железо. Многу корисен при анемија, хипо и авитаминоза, различни крвавења, покачен притисок, болести на крвните садови и др. болести.
Мед од глуварче: Има интензивно жолта боја, одреден мирис и вкус. Се кристализира многу брзо. Се препорачува заради своето диуретичко и лаксативно својство и за чистење на црниот дроб.
Мед од лаванда: Светло жолт мед со јак мирис и вкус. Погоден е кај болестите на црниот дроб, го потикнува лачењето на жолчката. Овај мед во чај од камилица го смирува организмот, се употребува против подуеност и го забрзува мокрењето. Добро дејствува проти мигрена и вртоглавица, им помага на срцевите болни и на лицата со низок крвен притисок.
Мед со полен: Направен е од одбрани сорти на мед и полен (цветен прав). Се применува како здрава храна кај хронични цревни заболувања, воспаление на џигерот, хроничен запек, чир на желудникот, кај заболување на простатата и др.
Бронхи мед: Одбрани сорти на мед, прополис, анис и мента. Го олеснува дишењето и искашлувањето, ја спречува кашлицата кај воспаление на грлото, слузокожата, усната шуплина и желудникот.
Прополисен мед: Одбрани сорти на медови и прополиси. Најполезен е против: ангина, бронхијална астма, заболувања во усната шуплина, грло, хранопровод (ждрело), синуси и др.
Мед за диабетичари (шеќераши): одбран мед со додаток на витамини: Б-комплекс, ПП и Ц-витамини во строго одреден однос. Ваквата мешавина го зголемува лачењето на инсулин во организмот, а и самата комбинација делува слично на него.