ЗА МЕДОТ

Дури и да не сте љубители на пчелите, мора да им оддадете признание за создавањето на еден од највкусните производи на светот. Медот не само што е добар за да го засладите чајот, туку поседува и некои инзворедни карактеристики што го прават различен од сите останати прехранбени производи..

МЕДОТ НЕ СЕ РАСИПУВА

Кога е правилно спакован, медот е еден од ретките производи кои имаат вечен живот на полицата. Постојат извештаи за мед кој може да се јаде пронајден во неколку илјади стара египетска гробница. Долговечноста на медот може да се објасни со помош на неговата хемиска формула. Супстанцијата е природно кисела и има многу малку влага, што ја прави неповолна средина за бактериите.

Пчелите вложуваат многу труд за да му ги дадат овие магични својства на медот. Додека го претвораат нектарот (основната состојка на медот) во мед, пчелите толку силно мавкаат со крилата што ја сушат влагата во природно влажната супстанција. Пчелите исто така поседуваат специјален ензим во нивниот стомак кој помага при разложувањето на нектарот во глуконска киселина и хидроген пероксид, кои понатаму помагаат во заштитата од развој на бактерии или други организми во медот.

ПЧЕЛИТЕ СОЗДАВААТ МНОГУ МЕД

Типична кошница може да произведе од 13 до 45 килограми мед годишно. За да произведат 1 килограм мед, улиштето мора да собере нектар од приближно 4 милиони цветови и да прелета преку 88 илјади километри. Ова претставува работа за цел живот за околу 800 пчели.

МЕДОТ ПРЕТСТАВУВАШЕ ЕКСЛУЗИВИТЕТ ВО СРЕДНОВЕКОВНА ЕВРОПА

Во Германија од 11 век, медот беше толку многу ценет како засладувач за пивото што германските феудалци наплаќаа данок од селаните во мед и восок.

ПЧЕЛИТЕ ЈА ПРЕЖИВУВААТ ЗИМАТА ХРАНЕЈЌИ СЕ СО МЕД

Пчелите напорно работат цело лето за да осигураат доволно мед за зимските месеци. Во текот на поладните месеци, пчелите го минуваат своето време собирајќи се околу матицата и се тресат за да ја затоплат кошницата. Сето тоа тресење троши многу калории, па медот претставува перфектна високо енергетска исхрана.

МЕДОТ Е ЛЕКОВИТ

Докази дека медот бил препишуван како лек датираат уште од древната Месопотамија. Бидејќи супстанцијата е толку многу непогодна за развој на бактерии, често се користи како мелем за рани и опекотини за да спречи инфекции. Денес, медот сеуште се користи како природен третман за првут, стомачни чиреви, па дури и против сезонски алергии.

ЗА ПЧЕЛИТЕ, МАЛКУ МЕД ТРАЕ ДОЛГО

Просечно, една пчела произведува 1/12 од кафено лажиче мед во текот на својот живот. За да биде појасно, 2 кафени лажички мед би биле доволни за пчелата да прелета околу светот.

ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ ВКУСОВИ И БОИ НА МЕД

Вкусот на медот зависи од изворот на нектар од кој е направен. Медот од липа е деликатен и дрвенест, медот од хелда е јак и миризлив, додека медот од еукалиптус има нежен вкус на ментол. Исто така постои и разлика во светлоста и темноста на медот. Пчелите на југоистоок во САД се познати по тоа што прават мед кој има темно виолетова боја, но научниците не знаат поради што.

 

СИТЕ ПЧЕЛИ НЕ ПРАВАТ МЕД

Постојат 20 илјади видови пчели, а само мал дел од нив прават мед. Видот на медни пчели кој се користи за одгледување е познат како Apis mellifera. Тој е еден од седумте познати видови на пчели кои прават мед.

НЕ СЕКОЈ МЕД Е НАПРАВЕН ОД ПЧЕЛИ

Иако пчелите најчесто се поврзуваат со медот сепак мексиканската медна оса исто така прави мед во големи количества, се знае дека американските домородци го користеле. Во 2013 година истражувачи направиле испитување на гнезда на медна оса во Тексас со цел да го проучат нивното однесување. Но внимавајте, овој мед може понекогаш да биде отровен благодарение на цвеќето кое оваа оса сака да го посетува.

ПЧЕЛИТЕ ПРАВЕЛЕ МЕД МИЛИОНИ ГОДИНИ

Пред околу 130 милиони години, за прв пат се појавиле цветните растенија, а неколку милиони години покасно, пчелите почнале да се одвојуваат од осите. Малку покасно, пчелите почнале да прават мед. Постои фосилизирано саќе кое датира од пред 3 милиони години. Луѓето, всушност, ја собирале слатката супстанција со илјадници години. Во древна пештера во Валенсија, Шпанија е откриен цртеж кој прикажува човечка фигура која вади мед од кошницата, и датира од пред околу 15 илјади години.

ОДГЛЕДУВАЧИТЕ ГО ЗЕМААТ САМО ТОА ШТО Е ВИШОК

Продуктивно пчелно улиште создава два до три пати повеќе мед од тоа што му е потребно за презимување. Кога се собира медот, одгледувачите внимаваат да не земат нешто што би им фалело на пчелите. Доколку е потребно, во есен, одгледувачите ги прихрануваат пчелите со меласа (шеќерен сируп) да компензираат за медот кој го зеле.

МЕДОТ Е ДОБАР ЗА ОКОЛИНАТА И ЕКОНИМИЈАТА

Околината зависи од опрашувањето што се случува кога пчелата собира нектар. Пчелите опрашуваат преку 100 милиони долари вредни посеви годишно и приближно 1/3 од храната која ја јадеме е директно или индиректно поврзана со опрашувањето кое го вршат пчелите. 
.